Во Секторот за внатрешни работи Охрид, вчера, во 18 часот, охриѓанец пријавил дека истиот ден околу 16 часот телефонски се слушнал со двајца негови пријатели од струшкото село Радолишта, кои му кажале дека се наоѓаат на планината Галичица, но дека не ја знаат точната локација. Возилото со кое биле, претходно го оставиле во село Велестово.
Од тој момент до 21.00 часот лицата биле недостапни на своите мобилни телефони. Во 21.00 часот со лицата бил остварен телефонски контакт, а биле пронајдени во 5 часот утрово.
OhridNews