По спортско-рекреативните игри органзирани за најмладите учесници – дечињата од големите групи од градинките, следеа „Игри без граници“, за учениците од Основните училишта, кои се одржаа ОУ Григор Прличев“ на радоста и насмевките на детските лица им неамаше крај. Третиот дел и последен дел од настаните кои ја одбележаа „Неделата на движењето“во Европа се одржа во саботата во Спортската сала Билјанини извори.
Настанот под името отворен аеробик ден содржеше часови со различни стилови и модели на групни аеробик вежби,водени од дипломирани професори по физичка култура.
Заинтересираноста за учество беше над очекуваното. Во активноста се вкулучија над 120 учесници од сите возрасти, рекреативци со или без искуство и сите во еден ритам уживаа во вежбањето. Музиката, позитивната енергија и креативноста на инструкторите, беше пресудна да се издржат цели два часа активно вежбање.
Целта на активностите по повод „Неделата на движењето“-да се промовират спортот и рекреацијата како здрав начин на живот беа целосно исполнети.
Желбата и ентузијазмот што го покажаа сите учесници, почнувајќи од најмадите, па до највозрасните, кажува дека охриѓани сакаат да бидат активни и дека настаните од ваков вид, треба да се случуваат почесто.
Во „Наделата на движењето“ минатата година беа одржани преку 100 спортски настани во 23 земји од Европа. Оваа година, Македонија за прв пат се приклучува кон нив со спортско-рекреативни активности во повеќе градови.
Организатор на настанот е Федерацијата на рекреативен спорт во соработка со ЈП Билјанини Извори, додека покровители се Агенцијата за спорт и млади и Меѓународната асоцијација за спорт и култура ИСЦА со седиште во Копенхаген. Помагатели на настанот се Федерацијата на училишен спорт и Факултетот за физичка култура- Скопје.
Ohridnews