Успешно завршена натпреварувачка сезона на охридските стрелци. Имено, викендов на стрелиштето Марко Цепенков во Прилеп се одржа петтиот, а воедно и последниот Куп во гаѓање со водушно оружје – меѓународна програма. Од охридските клубови учество зедоа 20-тина стрелци, кои постигнаа солидни резултати.Во категорија пиштол сениори – севкупен пласман, Ванчо Каранфилов, од ЖСК „Лихнидос”, се пласира на првата позиција. Во истата категорија, Иван Милевски од СК „Охрид”, се пласира на 3-тата позиција во јуниорска категорија, односно 5-тата позиција во севкупен пласман мажи. На 7-мата, односно 9-тата позиција се пласира, Крсте Петрески од СК „Охрид”.
Во категорија пиштол – јуниорки, Стефанија Вељаноска, од СК „Охрид”, се пласира на вицешампионската позиција, односно 3-тата позиција во севкупен пласман- жени. Во истата категорија, Валентина Гоџоска истотака се пласира на вицешампионската позиција, односно 5-тата во севкупен пласман.
Младите јуниорки, Стефанија Савеска, Верица Божиноска, Елена Јанеска и Теодора Сајкоска, се пласираа од 6-тата до 9-тата позиција, односно 8-мата до 11-тата позиција во севкупен пласман жени – пиштол.
Во јуниорска категорија воздушна пушка – јуниори, нашиот најдобар стрелец, Бојан Спасеновски, со свој личен рекорд од 614,4 круга, се пласира на вицешампионската позиција. Кристијан Балоски, СК „Охрид”, во истата категорија ја зазеде 7-мата позиција, а Андреј Ванѓеловски ја зазеде 17-тата позиција.
Кај сениорки пушка, најдобро пласирана беше Мартина Петровска (прво место) односно 10-тата позиција во севкупен пласман жени.
Младите јуниорки на пушка, Теодора Спироска, Ана Танеска, Сара Цикуш, Ема Петрова и Верица Здравеска, се пласираа од 10-тата до 18-тата позиција, односно 11-тата до 19-тата позиција во севкупен пласман жени.
OhridNews