Успешно завршен меѓународниот турнир во гаѓање со воздушно оружје-Илинден 2021 кој оваа година се одржа под посебни услови и протоколи. Сепак Тунирот го збогатија и нови клубови од Р. Бугарија и стрелци на Косовската федерација, како и учесници од повеќе клубови од нашата држава.
Охридските стрелци во јуниорска категорија, за првпат немаат пласман меѓу првите три пласирани, но затоа и се посреќи на Мартина Петровска која со резултат 383,8 круга се закити со златен медал, додека Теа Вељаноска која и за првпат настапува на натпревар, се закити со сребрен медал. И во екипна конкуренција на сениори и јуниори охриѓани го изгубија приматот, па мораа да се задоволат со две екини втори места во двете категории, велат во соопштението од Стрелачкиот клуб Охрид.
OhridNews