Еден кинез во својата куќа исценирал вистинска полициска станица во која издавал документи и давал други услуги, кои се разбира, и добро ги наплатувал. Се претставувал како инспектор Леи, а се погрижил и да ја оспособи просторијата за испрашување која ја украсил со знаме на својата земја и скулптура на Мао Це Тунг. Според сите прописи, имал униформа, лисици, направа за следење, надзорна камера, а на автомобилот монтирал и сирена. Работата му цветала додека не му се распаднал љубовниот живот.

 

Имено, девојката исто така ја уверил дека станал полицаец, откако, на почетокот на врската му поверувала дека е капетан во армијата. Но, како што почнале гласините така одлучила да го напушти. Поточно, и се заканил дека доколку го напушти ќе мора да му плати многу пари, а во спротивно ќе објавел снимка од нивниот секс која тајно ја снимил. Таа тогаш повикала вистинска полиција, која многу брзо после истрагата сватила што е во прашање и го уапсила лажниот полицаец.