Повредениот црвеноклун лебед, кој деновиве беше привремено сместен во ресторанот кај манастирскиот комплекс „Св. Наум“, успешно е пренесен во Зоолошката градина во Битола.

Како што велат активистите на „Анималиа“, кои ја запознаа јавноста и надлежните служби со овој проблем, врз лебедот ќе биде извршен хирушки зафат од страна на ветеринар со цел санација на скршеното крило.

Семестен е во кафез со соодветни услови и ветена е максимална нега и грижа. Ќе биде набљудуван од страна на нашите пријатели од Битола, односно Здружението „Мали херои“. После третманот, лебедот повторно ќе биде вратен во водите на Охридското Езеро, со оглед на тоа што истиот претставува синоним на вечната љубов.“ – велат од „Анималиа“.

Оттаму изразуваат огромна благодарност до Зоолошката градина во Битола, до општина Охрид, ветеринарните инспектори, како Секторот на Министерството за животна средина.

Благодарност и до ресторанот Острово, кои покажаа грижа и разбирање за лебедчево. Благодарност и до Здружението „Macedonian Owl Trust“, за пројавениот интерес и споделените совети.“ – истакнуваат активистите на локалното Здружение за заштита помош и вдомување на животни.

Тие апелираат до хуманите граѓани кои имаат можност, да донираат на сметка на Здружението, со оглед на тоа што трошоците за хирушкиот зафат на лебедот се доста големи.

Со оглед на тоа што зафатот по проценките на ветеринарот ќе биде доста сложен и ќе изискува доста трошоци, апелираме до граѓани да донираат на нашата сметка со цел да можеме истиот да го покриеме. Донацијата може да ја направите на нашата сметка: 200002644723228 Стопанска Банка АД – Скопје или на лице место на настанот што го организираме во понеделник. Лебедчево, кое е навистина младо, заслужува живот и убава иднина.“ – апелираат од „Анималиа“.

Инаку, охриѓани паметат дека пред десетина години популацијата на лебеди во Охридското Езеро беше многу побројна, но поради се поголемото влијание на човекот врз животната средина и загрозување на нивните природни живеалишта, овие птици мигрираат кон помирни места

O.T.

Активистите на „Анималиа“ со акција за спас на повреден лебед

Активистите на „Анималиа“ со акција за спас на повреден лебед