Во рамки на активностите за одбележување на јубилејниот десетти роденден, Лајонс клубот „Лихнидос“, во соработка со АД Галеб и претпријатието Отпад, денес ја реализираа најавената акција за собирање електричен и електронски отпад.
Акцијата повеќе од успешна. Голем број претпријатија и поединци се одзваа и го донесоа својот електричен отпад на локацијата на која се одржуваше акцијата, на паркингот на АД Галеб на улицата „15-ти Корпус“.
Организаторите потенцираат дека целта на акцијата е соодветно третирање на електричниот отпад и најавија дека ќе се одржува секоја година.
OhridNews