Успешно реализиран отворениот спортски ден во организација на ЈП „Билјанини Извори” и учениците од СОСУ „Св. Кирил и Методиј”- Охрид кои беа дел од програмата за практична настава во претпријатието.

Особено ни е мило што на овој преубав ден преовладуваше голем натпреварувачки дух и многу позитивна енергија. На отворениот спортски ден учествуваа повеќе од 100 ученици поделени на неколку дисциплини, велат од ЈП „Билјанини Извори“.

Освоени места по дисциплина:

Пикадо

1 место Стефан Матески

2 место Јована Шапкароска

3 место Валерија Андриеска

Јаже

1 место машки, Матеј Исакоски, Христијан Китаноски, Иван Лиотоски, Михаил Јоноски, Стефан Бегалис и Александар Наумовски

1 место женски, Теодора Митреска, Дона Маркоска, Стефанија Речкоска, Миа Шикалеска, Дора Ѓорѓиевска, Ивана Латкоска, Вероника Неделковска, Исидора Ѓорѓоска, Теона Лошкоска и Јана Танеска.

Баскет

1 место Матео Силјановски, Ѓорѓи Митрески и Петар Николоски

2 место Михаил Јоноски, Стефан Бегалис и Матеј Исакоски.

Одбојка

1 место Дона Маркоска, Миа Шикалеска, Стефанија Речкоска, Теодора Митреска, Ивана Латкоска и Дора Ѓорѓиевска

2 место Матеа Тотеска, Мила Јовановиќ, Хелин Сали, Бојана Рилкова, Ана Шокароска и Ана Марија Топалоска.

ЈП Билјанини Извори им се заблагодарува на сите кои беа дел од настанот и на сите кои помогнаа тој да се реализира. Искрено се надеваме дека спортскиот ден во соработка на претпријатието и средното училиште ќе прерасне во традиција, посочуваа од претпријатието.

OhridNews