Изминатиот викенд на СРЦ „Билјанини Извори“ беше отворена новата атлетска сезона.
Атлетичарите од АК “Охрид” Стефан Стефаноски и Блаже Љушев, имаа успешни настапи освојувајќи 3 медали. Љушев имаше едно прво и едно второ место во скок во далечина и трискок, додека Стефаноски освои едно прво место во фрлање диск.
Продолжуваат подготовките за понатамошните претстојни натпревари, информира АК „Охрид“.