Успешно изведена уште една операција од тимот на доктори и медицински персонал во ЈЗУ Специјализирана болница за ортопедија и трауматологија „Св. Еразмо“ во Охрид.

Пациент на 22-годишна возраст со дијагноза на акутна лимфоцитна леукемија и претходно подложен на алогена трансплантација на хематопоетски матични клетки пред една година, развил аваскуларна некроза на колковите, која се манифестира со силни болки и ограничено движење. Истиот успешно е опериран во нашата болница од страна на ортопедскиот тим во состав од прим. д-р Томислав Петровски, д-р Атанас Поп-Стефанија, д-р Михаил Чачор, и анестезиолог д-р. Александар Веслиевски, информираат од Болницата.

За време на операцијата, посочуваат, вградена е тотална ендопротеза на десниот колк со керамички компоненти.

Пациентот се чувствува одлично и веќе е самостојно вертикализиран, додаваат од Болницата.

OhridNews