На денес одржаниот Регинален натпревар по математика за ученици од основното образование во учебната 2014/2015 година, што се одржа во просториите на Факултетот за туризам и угостителство, учествуваа 96 ученици од осумте основни училишта од Општина Охрид и едно основно училиште од Општина Дебрца.
Според првичните неофицијални резултати, максимум 100 поени на натпреварот имаа учениците Борче Исакоски од ОУ Христо Узунов и Ана Димоска од ОУ Григор Прличев.
Меѓу првонаградените ученици на натпреварот се и: Горазд Блажески од ОУ Христо Узунов, Константин Лушески од ОУ Братство и единство, Кристина Киселинова од ОУ Св. Климент Охридски, Марко Апостоловски од ОУ Св. Климент Охридски, Емилија Николовска од ОУ Григор Прличев, Андреј Трајкоски од ОУ Св. Климент Охридски, Никола Кречов од ОУ Св. Климент Охридски, Јана Петреска од ОУ Григор Прличев, Наталија Крстаноска од ОУ Христо Узунов, Рената Павлеска од ОУ Братство и единство, Венеса Бакреска од ОУ Григор Прличев, Теона Никовска од ОУ Кочо Рацин и Теодор Недевски од ОУ Григор Прличев.
Натпреварот траеше 120 минути, учениците решаваа 5 задачи, кои беа подготвени од комисијата за натпревари при Сојузот на математичари на Македонија. Републичкиот натпревар по математика ќе се одржи на 2- ри мај .