Охриѓаните Тања и Стојан Стојановски од ТК Охрид во текот на овој месец учествуваа на три тениски турнири организирани од Тенис Европа за млади тенисери до 16 години од цела Европа.


На сите три турнири Тања Стојановска (14) постигна извондредни резултати. Во Никшиќ стигна до полуфинале во сингл конкуренција и финале дубл; на турнирот во Скопје заврши со четвртфинале во сингл и полуфинале дубл; додека во Кукуш победи во турнирот во дубл, а заврши во четвртфинале во сингл.

Ohridnews