Успешни домашни атлетичари, како и тркачи од соседните земји ќе бидат дел од овогодинешната манифестацијата „Трка на поезијата“ што ќе се одржи на 22 мај во Струга во организација на здружението „Спортски мостови Струга“.
Пријавувањето за трките од пет и 10 километри е затворено, додека за детската трка заинтересираните дечиња од седум до 10 години ќе може да се пријавуваат до 10 мај. За секое дете учесник е обезбеден финишер медал и диплома за учество.
Пријавени се околку 1.000 натпреварувачи, меѓу нив познати и успешни домашни атлетичари, како и тркачи од соседните земји. На рекреативната трка од пети километри веќе има регистрирано и странски амбасадори во земјава, што ќе претставува особена чест за Струга, како туристички град, да се промовира преку спортот, истакна Мими Стојаноска дел од организацискиот одбор.
Во рамките на манифестацијата во тек е и поетски конкурс за необјавена творба на тема „Мојата трка“, на кој може да учествуваат автори, кои ќе пратат една своја необјавена песна.
Годинашната манифестација „Трка на поезијата“, ќе се одржи под слоганот „Трчаме рецитираме“, а здружението „Спортски мостови Струга“ ветува настан, кој ќе остане запаметен по убавата енергија и насмевките изгравирани во мозаикот на градот Струга.
OhridNews