Приказната на охридската продукциска компанија „ Мега Продукција“  која започна пред четири години успешно продолжува. Она по што се препознава е професионалноста и најсовремената опрема која се користи   при снимањето на свадбените церемонии, фото сесии, документарни емисии, изработка на фотографии и видео спотови.

Навистина сме горди на постигнатото во изминатите четири години. Зад нас се бројни снимени и сработени семејни веселби, емисии, фотографии. Би го издвоиле снимањето на Стенд Ап револуцијата со охридскиот актер Никола Тодороски, како и директниот пренос на интернет на манифестацијата Водици 2014 кој беше проследен од околу 4000 гледачи од целиот свет. По настанот добивме пораки дури и од Нов Зеланд во знак на благодарност од наши иселеници кои беа воодушевени што имаа можност да го проследат настанот во живо. Сепак тоа е директен пренос, не може да се поправи ако се згреши нешто, но за среќа се протече беспрекорно, вели сопственикот и менаџер на „ Мега Продукција“, графичкиот инженер Ѓоко Наумовски.

Наумовски потенцира дека опремата која се користи во компанијата постојано се обновува и осовременува. Не се штеди на пари, туку приоритет е квалитетот на опремата, а со тоа и квалитетот на услугата кон клиентите.

Поради професионалниот однос и одлична услуга досега не се случило некој наш клиент да се пожали. Најголемиот број од луѓето со кои сме соработувале, сеуште се наши драги пријатели, потенцира Наумовски.

Тој додава дека најбарани услуги се снимањата на свадби, за кои се изработуваат “ Photobook“, единствени по дизајнот и квалитетот, кои се спакувани во кожни футроли .

Се издвојуваме по изработката на сработеното видео, одличната фотографија и најдобрата приказна . Со брачниот пар заедно ја правиме приказната, која потоа се снима на повеќе локации, во градов или надвор од него. Користиме најсовремена опрема, од хеликоптери, кранови, слајдери, HD камери, фотоапарати, миксети, подводни камери,   вели Наумовски.

Како што потенцира сопственикот на „ Мега Продукција“, знаењето мора постојано да се усовршува и да се следат светските трендови.

Усовршувањето и доедукацијата продолжува преку бројни семинари за фотографии и видеа, но и преку интернет , користејќи искуства и новини од најпознатите светски продукциски куќи. Веднаш штом нешто ново излезе во странство ние тоа го применуваме, велат од „ Мега Продукција“.

Оваа компанија е единствена и по современото студио кое е во подготовка и кое е единствено од таков вид во регионот. Станува збор за простор со големина од 120 метри квадратни, во кое може да се снимаат емисии, фото сесии, спотови, да се врши директен пренос, да се поврзува со интернет портали и национални сервиси , да се користи за потребите на телевизиите, да се снимаат дебатни емиси, со комплетна сценографија, осветлување, видео, тон, што ќе значи готов производ за клиентот.

Изминатиот четиригодишен период работењето на „ Мега Продукција“  ја одбележа и успешната соработка со познати и успешни компании и институции, меѓу кои Алкалоид, ПН Метал,„ Охридско Лето“, локални самоуправи, ординациите д- р Баткоски, Денториа, OhridNews.

https://www.facebook.com/megaproduction.mk

 

Т.Кувенџиска