Охридската атлетичарка Мартина Мироска со наградата за најуспешен спортист од Сојузот на спортови од Охрид ја заокружи 2015 година. Охриѓанката зад себе себе има година за паметење учествувајќи на разни натпреварувања со меѓународен карактер.


– Годинава што измина навистина беше доста плодна со учество на меѓународни натпревари. Како резултат на тие натпревари е наградата од Сојузот на спортови за најуспешен спортист во Охрид, а годината  се заокружи и со пофалницата за најуспешна атлетичарка во категоријата Млади Младинки во Македонија од страна на Атлетската федерација на Макединија. Овие две награди за мене понатака значат обврска во нареднава година да бидам уште поуспешна како на домашни, така и на  и меѓународни натпреварувања. И јас лично се надевам со повеќе тренинзи со дисциплина и упорност дека ќе успеам во тоа, и во најдобро светло ќе го претставувам мојот клуб А.К.Охрид, мојот град и секако мојата држава. – рече Мироска.


Мироска која се натпреварува во дисциплините скок во далечена, 100 метри и 100 метри со пречки беше единствен македонски претставник во Мундијалот во Колумбија кој се одржа за младинци.

– Да учествувам на некој големи натпреварувања од меѓународен план и тоа како: Балкански првенства, Европски Олимписки игри, Светски Олимписки игри. На повеќето од нив имам постигнато солидни резултати од кои можам да издвојам: прво место во дисциплината скок во далечина во Тирана – Албанија, трето место во дисциплината скок во далечина во Бар – Црна Гора, и четврто место во дисциплината скок во далечина во Сремска Митровица – Србија и други. Најголем впечаток ми остави во изминатава година Светската Олимпијада за Млади Младинки во Кали – Колумбија каде јас бев единствен претставник од Македонија. – истакна атлетичарката.


Нова година, нови предизвици и нови цели си поставува Мироска која посакува да избори норма за учество на Олимписките игри во Рио летово.

– Како што реков и претходно плановите ми се да постигнам подобри резултати од 2015 година како на домашен така и меѓународен план. И секако имам голема желба да се изборам и да учествивам на Олимписките игри кои ќе се одржат во Рио односно во Бразил оваа година и се надевам дека со мојата упорност ќе успеам во тоа. – заврши Мироска. 

Михаил Постоловски