Модерното општествено живеење и информатичката технологија ја налагаат потребата младата генерација да се запознае и да ги користи модерните електронски канали, да биде креативна и да размислува на оваа тема бидејќи, сепак, станува збор за млада популација која допрва со вклучува во тековите на општествениот живот.
Токму поради тоа во текот на месец декември СОСУ „Св. Кирил и Методиј“ од Охрид во соработка со НЛБ банка А.Д. Скопје експозитура Охрид организираше заеднички проект. Темата на проектот „Можностите на електронското банкарство на НЛБ банка“ побуди голем интерес на учениците.
Голема чест и задоволство ни претставува што токму ученици Климент Шиникоски, ученик во III година, и Антонио Крстаноски, ученик во IV година ги добија наградите-таблет, за најдобри истражувачки стории. Се надеваме дека ваквата соработка ќе продолжи и во иднина и дека ваквата иницијатива ќе ги поттикне и останатите фирми и институции да иницираат слични проекти, бидејќи ги одразува нивните реални потреби за стручен кадар, велат од училиштето.
Стручното образование претставува модел на успехот на поголемиот број млади луѓе и придонесува за нивна брза и успешна интеграција во општеството.