Со модерен штанд на кој биле истакнати сите туристички потенцијали и атрактивната туристичка понуда, Македонија се претставила на саемот за туризам „Holiday i spa“ кој од 12-ти до 15-ти февруари се одржуваше во Софија, Бугарија.
-И оваа година имавме успешно саемско претставување пред бугарските туристи. Во рамки на саемот остваривме средби со тур оператори од Бугарија меѓу кои: Global Tours, Bohemia Travel, Viva travel agency, Modern Travel, Del и Mondo Travel и од истите очекуваме Македонија да биде во нивната туристичка понуда, информираат од Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот.
Оттаму потенцираат дека благодарение на промотивни активности на туристичкиот пазар во Бугарија и континуираната медиумска кампања, минатата година бројот на бугарски туристи во Македонија пораснал за 10%.
OhridNews