Женскиот ракометен клуб Лихнид имаше успешна премиера пред охридската публика, откако со 28-17 (13-7) го совлада тимот на Кичево во третата рунда од Кадетската ракометна лига.
„Китовите“ со победата над кичевчанки стигнаа до вториот триумф во новата сезона и котираат на врвот од табелата.
Голем дел од дилемите околу победникот охриѓанки решија во првиот дел, кој го добија со плус шест погодоци (13-7).
Ротацијата во второто полувреме донесе свежа крв во охридска екипа за убедлив триумф на крајот од натпреварот.
Со осум голови во листата на стрелци се истакна Теодора Балоска, пет реализираше Викторија Алексиоска, по четири пати прецизни беа Ивона Блажеска и Николина Угриноска, по два голови постигнаа Драгана Усовиќ и Јана Ангелоска, а по еднаш мрежата ја погодија Мила Ложанкоска, Маја Кутаноски и Мендувие Далипоска.
Во четвртата рунда избраничките на Филип Јованоска и Билјана Смилевска-Богданова силите ќе ги одмерат со екипата на Стружанка.
OhridNews