Црвен крст Охрид во соработка со Службата за трансфузиона медицина – Охрид реализираше успешна крводарителска акција во просториите на ОЕМУЦ „Св. Наум Охридски” – Охрид со средношколците од четврта година и вработените од ова училиште.

На акцијата својата крв ја даруваа вкупно 44 дарители, меѓу кои професори, вработени во службата и ученици кои станаа дел од големото семејство на крводарители, велат од Црвен крст Охрид.

Додаваат дека продолжуваме и понатаму со хуманата мисија и се заблагодаруваме на граѓаните за солидарноста, соработката и издвоеното време.

За оваа крводарителската акција, којашто беше посветена на претстојното одбележување на нашиот патронен празник, беа собрани 44 крвни единици, што навистина е реткост и ОЕМУЦ уште еднаш се покажа како општествено-одговорна институција. Дарувањето крв е највисок чин на човекољубие, велат од училиштето.

OhridNews