Кошаркарите на охридскиот АМАК СП како победници се враќаат од пријателскиот натпревар во Скопје против Вардар.

Натпреварот поминал во знакот на охриѓани кои го контролирале резултатот и текот на мечот.

Двоцифрена е разликата на крајот 84-71.

Во текот на утрешниот ден во Охрид треба да пристигне српскиот интернационалец Слободан Агоч.

Националното кошаркарско првенство започнува викендов, а охриѓани во првото коло му гостуваат на скопски Торус.

М.П.