Македонските репрезентативци имаа успешен настап на Интернационалниот атлетски митинг во Букурешт. Резултатите се во рамките на нивните очекувања и ова беше успешен настап пред еден од најважните настапи за сениорската репрезентација на Македонија, Европскиот Куп во Банска Бистрица (Словачка) на 21 и 22 јуни.

 “Резултатите се добри, но очекував подобри во однос на нивните можности. Заради добрата атмосфера во репрезентацијата, очекувам подобри резултати на следните натпревари“, изјави за веб страната на АФМ селекторот Влатко Димитров.

Највреден резултат во Букурешт постигна Реџеп Селман во троскок со прескокнати 15 метри и 12 сантиметри што беше доволно за 9-то место. Далибор Спасовски во трката на 400 метри го освои 10-то место со резултат од 49 секунди и 96 стотинки. Во трката на 100 метри кај жените Ивана Рожман го освои 9-то место со време од 12 секунди и 62 секунди, додека во истата трка Александра се пласира на 13-то место со време од 12 секунди и 97 стотинки.

Резултати и ИААФ бодови:
Реџеп Селман / трискок – 15.12 м. (9 место) – 953 ИААФ бода
Ивана Рожман / 100 м. – 12.62 (9 место) – 927 ИААФ бода
Далибор Спасовски / 400 м. – 49.96 (10 место) – 885 ИААФ бода
Александра Спасеска / 100 м. – 12.97 (13 место) – 873 ИААФ бода

ohridnews