По повод 70-годишниот јубилеј на Црвен Крст од Охрид женските ракометни ветеранки одиграа хуманитерен натпревар со ракометарките од Моби Дик во „Билјанини Извори“.
– Натпревари меѓу нас играме преку целата година, но овој пат се одлучивме тоа да го направиме за хуманитарни цели. Од се срце сите ние му го честитаме роденден на Црвениот Крст од Охрид, кој безрезервно му помага на сите граѓани од нашиот град. – рекоа од клубот на „ветеранките“.
Победата им припадна на ветеранките кои славеа со 30-20 (18-11) сепак, резултатот беше во втор план на овој натпревар со хуманитарно значење.
Собраните средства од хуманитарниот натпревар охридскиот Црвен крст ќе ги намени за ранливите категории на граѓаните од Охрид и Дебрца.
Ветеранки : Бети Протугер, Биљана Димоска, Наташа Неданоска, Мимоза Тасеска, Дијана Јанеска, Светле Балеска, Венера Далчева, Џулијана Савеска, Наташа Попоска Карче.
Моби Дик : Ивона Блажеска, Викторија Алексиоска, Тамара Маркоска, Мила Ложанкоска, Катерина Томевска, Наташа Танчевска, Марија Јолеска, Теодроа Балоска, Николина Угриноска, Марија Наумоска, Стефани Костеска, Љупка Спространова, Моника Бутеска, Елизабета Крстаноска, Мартина Чавковска, Ивана Стојкоска, Сара Трпческа, Александра Рубаноска.
Мх.П.