Навивачката група „Рибари“ собраните средства (7 000 денари) од хуминатарната акција која ја спроведе изминативе денови лично му ги предаде на Роберт Николоски кој се соочи со згуба, откако му изгоре куќата.

– Голема благодарност до сите хумани луѓе за нивните донации, и ги повикуваме сите кои се во можност физички да помогнат за расчистување и обнова на неговата опожарена куќа. – стои во соопштението од навивачката група.

Сите хумани граѓани можат да го посетат Роберт кој живее на улица „Ристо Чадо бр.182“ и да му помогнат околу расчистување на опожарената куќа.

OhridNews