Голема хуманитарна забава за помош на младата Јана Арсовска се одржа синоќа на бродовите Александрија 1 и 2, Галеб и Кристина Ројал. На забавата настапија локални музичари и диџеи како SHINE на Дамјан Пејчиноски и Јордан Манов „засилени“ со колеги од други бендови, групата BATLER, DJ FACE… и други.

Јана која боледува од тешка болест, повторно се наоѓа на лекување во Германија, на малтешката клиника во Фленсбург, и во следниот период треба да и се изврши трансплатација на коскена срж. Со цел да се помогне нејзиното лекување, како и престојната медикаментска фаза и идните контроли кои треба да се прават во клиниката, беше организирана синоќешната хуманитарна забава, која ја поддржа охридската бродска флота, како и голем број помагатели од градот.

Одзивот на хуманитарната зѕабава беше одличен, а вкупниот промет од продажбата на картите и пијалоците ќе се префрлат на трансакциската сметка на Јана.

OhridNews