Актуелниот македонски куп освојувач Металург ја победи Ренова со 2-0 во првата тест средба во предсезоната.
Дуелот на двата македонски европреставника мина во знакот на “зелените“ кои со головите на Ејупи и Љамчевски по еден во двете полувремињеа ги совладаа гипсарите.
Идниот тренинг-меч за Металруг ќе биде на 30 јуни против Силекс, потоа следува Турново на 1 јули, последната контрола Металург ќе ја има на 6 јули, против Партизан во Белград.
Ренова наредната седмица ќе го игра првиот натпревар од Лигата Европа против Гленторн во Скопје, додека Металруг мечот против Локо од Софија го игра на 14 јули.
Ohridnews
© Ohridnews.com. All rights reserved.
The content of this article, should not be printed, copied or published in any way, without permission by Ohridnews.com