Викендот без обврски во Втората македонската фудбалска лига-запад, охридските фудбалери, го искористија за тест натпревар со амбициозниот третолигаш од западниот регион, Беса Добридол, кој го решија во своја корист со 3-2 (3-1).
Избраниците на Драган Бочески во краток временски период постигнаа три погодоци и на дело го демонстираа квалитетот. Резултатот го отвори Виктор Наумовски, на 2-0 зголеми Шериф Реџепи, а за 3-0 реализираше Аде Мазари. Гостинските фудбалери со погодоци во финишот од првиот и вториот дел намалија на 3-2 и го ублажија поразот.
Следниот викенд, „рибарите“ повторно ќе играат тест натпревар, бидејќи во Втората лига има пауза, поради репрезентативните мечеви на У21 селекцијата.
OhridNews