Охридските кошаркари со две победи во исто толку натпревари имаа успешен старт на подготовките во Црна Гора.
Избраниците на охридскиот стратег Петар Чочоровски во Будва со 87-75 (27-15, 21-25, 18-15, 21-) го совладаа домаќинот додека во Тиват славеа со убедливи 94-79 (38-15, 22-20, 20-17, 14-27).
На подготовките во црногорската држава охриѓани ќе одиграат уште два контролни натпревари против екипите на Никшиќ и Бар.
Кошаркарите по враќањето во Охрид ќе ги финишираат подгоговките и ќе го чекаат стартот на новата сезона во која имаат големи амбиции.
Мх.П.