Изминатиов викенд Штип беше домаќин на првото коло од бокс лигата на Македонија. Охридските боксери од клубот на “Алексо Огненовски” настапија со петмина натпреварувачи.
Боите на клубот и градот ги бранеја и извојуваа победи: Михаил Аврамоски, Петар Трајчески, Христијан Стојаноски и Енис Алиу додека единствено поразен беше младиот и перспективен боксер Андреј Мајкиќ.
Следното коло ќе се одржи во Делчево, по што следува државното поединечно првенство, за потоа на 10 мај во Охрид да биде одржано финалето на Опен Балкан купот и Меѓународниот меморијален боксерски турнир “Алексо Огненовски” кој што директно ќе биде пренесуван на Арена каналите.
OhridNews