Теквондистите од клубот „Хва Ранг ИТФ“ од Лескоец-Охрид имаа добар почеток на есенската полусезона освојувајќи пет одличја на Меѓународниот ИТФ турнир за деца под 14 години кој се одржа во бугарскиот град Плевен.
Од шесте натпреварувачи кои се појавија во дисциплината спаринг пет успеаја да искачат на пиедесталот и стигнат до медал. Најголем успех на турнирот во Бугарија забележа Елена Јанеска која го освои златниот медал во категоријата од 12 до 13 години и над 60 килограми. Давид Крстески и Христијана Парулеска стигнаа до сребрени медали во категоријата машки 12-13 години до 45 кг односно 10-11 години до 35 килограми а со бронзени назад се вратија Софија Колушоска и Владимир Димитриевиќ 12-13 години до 40 кг. Без медал заврши Јохан Парулески, но тој покажал голема желба за борба откако побара л да се натпреварува во повозрасна категорија бидејќи во неговата немал противници.
- Презадоволен сум од настапот на теквондистите на турнирот во Бугарија. Федерацијата на Бугарија која го организираше турнирот е една од најдобрите и конкуренцијата беше голема. Ние настапивме со три дебитанти и тие комплетно ги исполнија очекувањата. Најмногу внимание привлече финалната борба помеѓу нашиот натпреварувач Давид Крстески и домаќинот Љубомир Дракалски. За нијанси домаќинот беше подобар и го освои злаатниот медал. Елена Јанеска се издигна од сите проблеми и во финалето против бугарската натпреварувачка покажа голема надмоќност и доминатното се закити со златниот медал. – изјави тренерот на клубот Марјанчо Лазаревски.
Клубот повторно му искажа голема благодарност на генералниот спонзор ПН Метал кој го овозможи учеството на охридските теквондисти во Бугарија.
OhridNews