Ученици од охридската гимназија изработија успешен проект наречен „Од литиумска батерија до антидепресив” во соработка со  ЈНУ „Хидробиолошки завод”-Охрид.

Ана Филипче и Филип Николовски, кои во текот на редовната настава постигнуваат надпросечни резултати и покажуваат поголем интерес за проширување на стекнатите знаења, под  менторство на проф. Билјана Стевоска го изработија проектот инспирирани од  желбата за истражување и експериментирање како и популаризирање на хемијата како интересна и иновативна наука која зазема клучно место во многу аспекти на животот и нејзината  примената во  медицината.

Креативноста во овој експеримент е тоа што преку издвојување на литиумот од литиумска батерија и низа други хемиски процеси , учениците добија литиум карбонат кој претставува активна супстанца на антидепресивите. Придобивката би била рециклирање на литиумските батерии со што ќе се заштити животната средина и натамошна употреба на литиумот во медицински цели. Учениците проектот го презентираа пред професорите и своите соученици и на настанот„ Ноември – месец на науката” во Скопје.

Овој проект беше реализиран во хемиските лаборатории на ЈНУ „Хидробиолошки завод” и ОСУ „Св.Климент Охридски”.

OhridNews