Вчера започна 46-тиот отворен Балкански шампионат во едрење, кој до 8-ми септември ќе се оддржи во Охрид.
Учесниците од Македонија, Турција, Романија, Србија, Црна Гора и Бугарија ќе се натпреваарува во седум различни класи и тоа „Оптимист”, „Ласер стандард”, „Ласер 4,7″, „Ласер радијал”, „470″, „Фин” и даски за едрење.
Македонската репрезентација ја сочинуваат 24 натпреварувачи, од кои 14 ќе се такмичат во класат оптимист, четворица во „Ласер 4,7″, двајца во „Ласер стандард”, и две екипи во класата „470″, по една во машка и една во женска конкуренција.
За денес е планирано да бидат извозени три трки, а првиот старт се очекува да биде во 10 часот доколку ветрот оди во полза на едриличарите.
OhridNews
фото: „Емилио“