Во Скопје во организација на Тенискиот клуб Евросет се одржа последниот турнир во машка и женска конкуренција до 11 години. Охридските тенисери со нов успешен настап ја спуштија завесата за оваа сезона и најавија нови возбудувања за следната.

Матеа Билбилоска после голема борба и натпреварување во финалето изгуби од битолчанката Мила Гугучевска во три сетови. Ива Кецкарова на овој турнир настапи со повреда настапи од минатиот и претрпе пораз од соиграчката Билбилоска во 1/2 финалето. Мина Петреска не настапи на овој турнир.

Машкиот преставник на охридскиот тениски клуб Павел Стевковски немаше свој ден и отпадна уште во првото коло. Сепак, во претходните турнири тој обезбеди предност и 2017 година ја заврши на втората позиција после Петар кој е година дена поголем од него.

Кај девојчињата на крајот на сезоната Ана Стојановска, Мина Петреска и Матеа Билбилоска се на местата 4, 5 и 6, но исто така, од таа листа 3 девојчиња се веќе во повисок ранг (меѓу кои и Ана) така да покрај Мила Гугучевска која е на прво место, Мина е втора, а Матеа трета. Ива кецкарова иако со свои 9 години и одиграни само 3 турнири во оваа категорија, стигна до 8то место, а во портокаловиот тенис е на третото место, иако веќе не се натпрварува таму.

OhridNews