Владимир Четкар завчера имал успешен настап на Nisville Jazz Festival што се одржува во Ниш Србија.
На овој најголем џез фестивал во југоисточна Европа Четкар се претставил на главната сцена со авторска музика и аранжмани. Публиката цело време играла и комуницирала со бендот и секоја завршена песна ја наградувала со громогласен аплауз.
На настапот Четкар бил придружуван од Филип Стевановски на Тромбон, Сенад Усеин на Труба, Борислав Веселинов на Тенор Саксофон, Дионис Стратров на Бас и Виктор Филиповски на Тапани.
Денес Четкар ќе настапи на „Бит Фест“ во Битола каде ќе се претстави во помал состав-Трио.
OhridNews