Охридскиот џиу џиџу клуб имаше успешен настап на меѓународниот турнир каде учествуваа екипи од Србија, Црна Гора, Бугарија, Турција и Албанија.
Охриѓани освоија три златни и четири бронзени медали со што само ја потврдија одличната форма.
Резултати :
1. Благоја Трајчевски злато во категорија до 82 кг
2. Ненад Ристевски злато во кат. До 70 кг и Бронза во апсолутна категорија
3. Дејан Симоноски злато во кат. над 100 кг
4. Сашо Нически бронза во кат. До 94 кг
5. Илија Спасески бронза во кат до 75 кг под 18 год
6. Алмина Тотиќ бронза во кат над 60 кг
На турнирот учествуваа Митко Белески и Андреј Ќосески кои добро се покажаа но не успеаја да дојдат до пласман.
Ohridnews