Познатиот џез-фанк музичар, охриѓанецот Владимир Четкар, викендов имаше успешен настап во легендарниот клуб „Иридиум“ на Бродвеј -САД.


По овoј концерт Четкар заминува за Лондон каде му припадна честа да го отвори Источно – Европскиот џез фестивал организиран во чест на 200 години од раѓањето на Шопен.


Четкар во Лондон ќе настапи на 15-ти октомври во „ПОСК“ џез кафе, а ќе се претстави со својот европски квартет во кој покрај него уште се и Хју Вајт – клавијатури, Џон Калверт  – бас, Џошуа Блекмор – тапани.

OhridNews