Во Скопје во организација на „ИТЦМ“ екипата се одржа турнир во зелен тенис на кој учествуваат млади и надежни тенисери и тенисерки. Тенискиот клуб Охрид е редовен учесник на турнирите од ваков вид и секогаш се враќа со успех односно одличја.
Ива Кецкарова се закити со сребрен медал, откако изгуби во финалето од битолчанката Мила Гугучевска. Кецкарова се повреди во 1/2 финалето во дуелот со својата соиграчка Матеа Билбилоска. Во второто полуфинале Мина Петреска изгуби од Гугучевска која подоцна и го освои турнирот.
Младиот Павел Стевковски го освои третото место. Во полуфиналето Стевковски изгуби Иван Шутовски од Скопје, кој пак претрпе пораз во финалето од Александар Трифуновски.
Следниот турнир за охридските тенисери ќе биде во Скопје за недела дена.
OhridNews