Викендов во Битола се одржа турнирот „Фестивал за детски тенис”, кој е во редовниот календар на Тениската федерација на Македонија, за црвен, портокалов и зелен тенис.

Тенискиот Охрид имаше натпреварувачи во сите категории. Во портокалов тенис (до 10г) Ива Кецкарова освои 3то место. Во зелен тенис, кај девојчињата, Мина Петреска го освои турнирот. Кај момчињата, Павел Стевковски беше финалист, но не успеа во финалето да го совлада Филип Панов од Кавадарци, иако до финалето стигна без изгубен сет.

Петреска во финалето беше подобра од Мила Гугучевска од Битола, во голема борба, со краен резултат 2:1 во сетови. Претходно, таа во 1/2 финалето беше подобра од својата соиграчка од клубот, Матеја Билбилоска, со што Матеја го освои 3тото место на турнирот.

Стевковски по интересна борба изгуби 0:2 од Филип Панов и мораше да се задоволи со второто место. Ова е 3то по ред финале на домашните турнири и трет пат Стевкоски претрпува пораз.

Со овие резултати, оваа генерација на млади тенисери на ТК Охрид, се зацврстуваат во врвот на ранг-листите во Македонија.

Следниот викенд имаат нов турнир зелен тенис, во Кавадарци, во организација на ТК Црна Река.

OhridNews