Охридските стрелци во склоп на македонската репрезентација викендов настапија на меѓународниот натпревар во гаѓање со воздушна пушка и пиштол што се одржа во Приштина, Косово. Двете јуниорки од Охрид, Балабан Нина и Гоџоска Верица заедно со скопјанката Светлана Трпкова настапија екипно за Македонија освојувајќи го првото место во дисциплината воздушна пушка-жени.
Балабан во поединечен пласман се пласира на третото место и тоа со исти број на кругови со второпласираната (363) но послаба последна серија.Кај машките најуспешен беше Михаил Шишкоски од СК “Охрид“ и тоа во дисциплина воздушна пушка освојувајќи го првото место со погодени 564 кругови.
На натпреварот настапија стрелци од Македонија, Косово и Албанија, а охриѓани за првпат беа поканети и се разбира ја оправдаа довербата што им ја укажа селекторот на македонската репрезентација.
Ohridnews
© Ohridnews.com. All rights reserved.
The content of this article, should not be printed, copied or published in any way, without permission by Ohridnews.com