Викендов во Скопје се одржа 3- от по ред Куп во гаѓање со воздушна пушка – меѓународна програма.


Најуспешен беше Михаил Шишкоски кој во сениорска категорија го освои првото место со резултат од 573 кругови, Цветкоски Гоце се пласира на петтото место со 552 круга, додека Здравески Горан заврши на 6-тото место со резултат од 545 кругови.

Нина Балабан го освои првото место со резултат од 369 кругови, додека на 2-то место се пласираше Верица Гоџоска со 344 круга, Емилија Несторовска заврши 6-та со резултат од 325 кругови.

Успехот на младинките е уште поголем бидејки тие се сериозни кандидатки за учество на младинска Олимпијада.