Охридскиот клуб во бразилско џиу џицу имаше успешен настап на петтото Државно првенство кое се одржа изминатиот викенд во Прилеп.
На Државнато првенство учествуваа седум клубови од пет градови, охриѓани во дисциплината без кимоно се натпреваруваа со 15 борци, а освоија вкупно 14 одличја.
Три од вкупниот број медали беа со златен сјај, исто толку освоија и сребрени одличја, а најмногу охриѓани се закитија со бронзен медал вкупно 8.
Седумте клубови учесници на Државното првенство покажаа квалитет што влева надеж за уште подобри времиња за боречките вештини во нашата земја.
OhridNews