Охридската фудбалска школа „Ла Масија“ со една генерација (2009 година) имаше успешен настап на меѓународниот турнир кој се одржа во Белград, Србија.


На турнирот кој се одржа изминатиов викенд учествуваа 92 екипи од Грција, Македонија, Романија, Бугарија, Унгарија и Србија охриѓани финишираа на шестото место освојувајќи „силвер купот“ кој е наменет за екипите кои не изборија настап во финалните мечеви.

Покрај трофејот од „силвер купот“ охридските фудбалерчиња се закитија со награда за фер плеј екипа која им донесе нова спортска опрема од „Најк“ компанијата.

OhridNews