Едриличарските клубови  Бофор  и Стрмец викендов учествуваа на  меѓународната едриличарска регата “Зелено срце Србије” на Бованско езеро – Соко Бања – Србија.


На екстремни услови при брзина на ветерот од 30 м/с  нашите натпреварувачи  ги освоија следните места:


Во класата Оптимист Новица Вељаноски го освои првото место, Дамајан Поп Стефанија се пласираше на второто, додека во конуренција до 12 години заврши прв на подимуот. Игор Каневче заврши трет, а во конкуренцијата до 12 години заврши на второто место. Иво Илинчев го освои петтото место.

Еден два победа за охриѓанки во класата Европа, Ирена Грунче го освои првото место, додека Елена Ставреска второто.


Ohridnews