Шест медали за македонските кајакари на мирни води на неодмана одржаниот “Трофеј на Белград”, на кој покрај домаќинот, репрезентацијата на Србија, настапија и селекциите на Македонија, БиХ, Кипар, Грузија.

За нашата репрезентација во категоријата кадети настапија : Јован и Евгенија Чакарески од Дрим – Струга како и  Дрилал Леши од Радика – Дебар. Во конкуренција јуниор(к)и Рина Казиу, Ардита Каја и Игдин Цани од Радика – Дебар.

Две трети места освоија Чакареска и Леши во К2 на 500 и на 1000 м, со сребро и со бронза се закитија Чакареска и Казиу во К2 на 500 и на 1000 м, а две брози во истата дисциплина, на 500 и на 1000 м, освои и четверецот (К4) Чакарески, Казиу, Леши и Цани.

Активностите на кајакарите продолжуваат со ЕП во Сегедин и Балканското во Апатин.

ohridnews