Охридските карате клубови „Кун-су-то“ и „Чоле“ имаа успешен и плоден настап на Меѓународниот турнир „Солидарност Опен 2019“ кој се одржа во Скопје. На турнирот учествуваа над 600 каритиси, а охридските можат да се пофалат со дузина одличја и признанија.

 

 

Карате клубот „Кун-су-то“ до медали стигна во ката тим родени 2008/2009 година составен од Анастасија Смилевска, Козма Митрески и Дамјан Митрески. Поединечно, Матеа Грозданоска овои прво место во категорија кати родени 2010 година, Тамара Ѓурчиноска освои прво место борби помлади кадети – 50 кгр, и трето место кати родени 2006 година 3 то ниво, Анастасија Смилевска освои 2 ро место во кати родени 2009 година 2 ро ниво и трето место во категорија борби пионери – 45 кгр, Дамјан Митрески освои трето место во кати родени 2009 година машки 2 ро ниво, Ема Јованоска освоено 2 ро место кати родени 2007 2 ро ниво, Козма Митревски освои 2 ро место во борби пионери – 30 кгр, Сара Цикуш освои 3 то место во кати женски родени 2007 година 1 во ниво, Зоја Голубовиќ освои 3 то место кати родени 2005 година 1 во ниво, Тамара Ѓурчиноска беше дел и од женскиот ката тим на карате клуб “Ускана” со кој освоија прво место, Бојан Крстески освои 2 ро место во кати родени 2009 година 1 во ниво.

За карате клубот „Чоле“ признанија донесоја Тео Дамјаноски 2 место кати, Тамара Чолеска 3 место кати, Стефан Петрески 2 место ката, Ивана Богданоска 2 место кати и 3 место борби, Мартина Костоска 3 место кати, Симон Петрески 2 место борби, Марко Симоноски 1 место кати, Мартина Петреска 3 место кати, Јоана Костовска 3 место кати, Елена Вранишкоска 3 место, Филип Нелоски 3 место кати и Филип Гиноски 1 место кати.

OhridNews