Во Хотелот „Милениум Палас“ во Охрид, Сенсеи Боро Митрески-Минта пред голем број на вљубеници на каратето, неговите најблиски и ученици сега врвни мајстори ја презентираше книгата „Како до црн појас“.

Митрески во книгата објаснува за почетоците во каратето и предизвиците, за каратето како боречка вештина и за надоградувањето кое се стекнува со учество на семинари и разно разни тренинзи водени од големите мајстори.

  • Денеска, пред моите најблиски, ученици, поранешни тренери, следни каратисти и љубители на спортот можам да се пофалам со мојата прва книга „Како до црн појас“. Во склоп на книгата има и видео материјал низ кој вљубениците на каратетот ќе можат да видат дел од тренинзите и моите лични искуства. На книгата работев макотрпно и се надевам дека ќе ги задоволи читателите, бидејќи сите работи кои се напишани јас ги имам лично доживеано во текот на кариерата. – рече Митрески-Минта во своето обраќање при презентацијата на книгата.

Тој после презентацијата на неговата книга „Како до црн појас“, најави монографија за 40 години на каратето во Охрид. Митрески првите чекори во каратето ги има напревено далечната 1974 година, а од тогаш до ден денес љубовта за каратето не се има променато.

Мх.П.