Четири каратисти од охридскиот клуб „Кун-су-то“ беа дел од македонската репрезентација која изминатиов викенд настапи на Балканското првенство во босанскиот град Бања Лука. „Црвено жолтите“ освоија вкупно 10 одличја, а охриѓани партиципираа со два медали.

Дамјан Митрески во категоријата борби до 30 килограми се закити со сребрен медал, додека Тамара Ѓурчиноска освои бронзен медал во категоријата борби до 54 килограми. Анастасија Смилевска и Козма Митрески иако не освоија медал акумулираа одлично интернационално искуство кое ќе послужи за поголеми успеси во иднина.

Балканското првенство во Бања Лука го организираа сите федерации заедно и учествуваа повеќе од 1 300 натпреварувачи.

OhridNews