Истражувачите на американскиот државен институт за храна и земјоделство успеале со генетски манипулации да модифицираат и променат мирис на цвеќе. Многу долго се фокусирале на изгледот на цвеќето, неговата големина, боја и должина на цветање, а на мирисот не обрнувале никакво внимание.
Успеале да ги изолираат гените одговорни за хемиските киселини кои го одредуваат мирисот на цвеќето. Воедно откриле како да го изменат, ублажат или да го зголемат нивниот мирис. Тоа откритие им овозможило да произведуваат цвеќа со многу поинтензивен мирис.