Американецот Том Рауен од Ајова се запишал во Гинисовата книга на рекорди, успевајќи на себе да облече 247 маици една врз друга, јавуваат американските медиуми. На почетокот облекувањето одело лесно, но подоцна му била потребна помош од неколку лица.

Маиците биле се поголеми и поголеми, а последната била со големина 20XL. Рауен, кој инаку е сопственик на продавница за облека, успеал за време на овој настан за собере 5000 долари кои има намера да ги подари во добротворни цели.