Цените на услугите на аеродромот во Охрид се намалуваат за 27%, а на скопскиот за 17, со што тие стануваат најевтини во регионот.Одлуката за поевтинување на аеродромските услуги на заедничка прес конференција ја соопштија министерот за транспорт и врски Миле Јанакиевски и директорот на ЈПАУ „Македонија“ Зоран Крстевски.
ќе слетуваат ли сега повеќе авиони во Охрид?
Предвидени се и дополнителни попусти за нови авио-дестинации, како и за летови кои заради лоши временски услови ќе се пренасочуваат од скопскиот на охридскиот аеродром.Министерот Јанакиевски најави попуст од 100 проценти на аеродромот во Охрид за организирани летови за туристи со нивно сместување.
Според директорот на Јавното претпријатие за аеродромски услуги, оваа владина мерка треба да го стимулира растот на домашниот авиосообраќај и ќе ја зголеми конкуренцијата на аеродромите во однос на регионот. Државата со преземените мерки сака да привлече поголем број странски компании на македонските аеродроми. Доколку не дојде до зголемување на авиосообраќајот, како што очекува Владата, државата ќе има загуба од 200.000 евра.
Г. Момироски