Охридските фудаблери мака мачат со одржувањето на формата во пресрет на првенствениот натпревар од Втората МФЛ против Скопје на “Билјанини“. Снегот и лошите временски услови не им дозволуваат на “рибарите“ нормално да ги извршуваат задачите на шефот Маркоски , па тренизните минуваат во импровизации.


Поради несоодветните услови и немањето добри терени за играње, охриѓани го дочекаа пролетниот старт со само два контролни натпревари.

 – Ни фалат неколкуте одложени контроли во подготвителниот период, дел од играчите немаат одиграно цели 90 минути. Дополнителен проблем се е и лошите временски прилики, но што е тука е како за сите така и за нас – вели Гоце Маркоски.

Поради лошите временски услови кои ја зафатија Македонија, дел од клубовите сакаат да се одложи колото, но засега во ФФМ не стигнало такво барање. Оттаму децидни дека фудбал викендов ќе се игра.

Нема пролонгирање. Екипите се должни да ги оспособат терените, вели Милан Спиркоски, комесарот за натпревари во ФФМ.

Охрид во наредното 16 – то коло в сабота ќе игра против третопласираниот Скопје. Во првите две кола од пролетниот дел, Охрид на домашен терен ја победи Цементарница (3-0), додека претпре пораз на гостувањето кај Брегалница (1-0).

М.П.